Комбинезонот на Брус Ли продаден за 100 илјади долари

7 декември 2013

Жолтиот комбинезон што го носеше легендарниот актер Брус Ли  во филмот „Игра на смртта“  е продаден на аукција во Хонг Конг за 100 илјади долари. Комбинезонот со црни пруги сега е во сопственост на анонимен купувач кој учествувал на аукцијата преку телефон.

Костимот е дел од колекција од 14 предмети што припаѓаа на Брус Ли и од кои се собрани повеќе од 260 илјади долари. Цената на костимот достигнала три пати повисока вредност од првичната проценка на аукциската куќа. Инаку, Ли почина во 1973 година на 32 годишна возраст, пред да заврши снимањето на горенаведениот филм, кој е прикажан по неговата смрт во 1978 година.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Сцена