Константниот шарм на Метју Меконахи низ неговиот стилски прогрес

8 март 2014

Шармот е непроменлива константа низ стилскиот прогрес на актерот кој оваа година ја добри престижната златна статуетка Оскар за најдобра машка улога за филмот „Dallas Buyers Club“, Метју Меконахи.

ж

Златното момче на Холивуд има своја линија на облека за мажи која во основа носи спортски дух, меѓутоа нејзината флексибилност овозможува да се пренамени за различни прилики, тргнувајќи од личниот практичен стил на актерот.

Со прогресот на неговиот личен стил, некогаш омилениот џинс и удобната кожена јакна, Метју ги замени со совршено скроените костуми. Очигледно дека е љубопитен за модните тенденции, но секогаш ги применува во личниот стил со висока доза на индивидуалност и автентичност.

Храбро експериментира со деталите, па не ретко во неговиот имиџ може да забележиме невообичаени комбинации на бои или аксесоари, како на пример каубојски шешир со класично сако.

Во продолжение правиме фото-ретроспектива на стилскиот прогрес на Метју Меконахи низ годините.

 

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Сцена