Коронавирусот не ја откажа премиерата на „Мулан“ во Лос Анџелес

11 март 2020

Актуелната ситуација со коронавирусот го промени текот на нештата на глобално ниво, а меѓу другото беше и причина да се откажат или одложат бројни планирани настани од секоја општествена и културна сфера.

Но, премиерата на филмот на Дизни, „Мулан" беше еден од исклучоците.

Како што и беше планирана, премиерата на филмот се одржа во понеделникот во Лос Анџелес, а на истата покрај филмската екипа, присуствуваа и бројни гости, дотерани како што е и вообичаено за настан од ваков калибар.

Главната актерка која ја толкува улогата на хероината Мулан, Liu Yifei, беше во фокусот на вниманието во луксузна принцеза тоалета од либанскиот дизајнер Ели Саб, односно од неговата „haute couture" колекција за сезоната зима 2019.

Фото: Fashionista

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
364 пати