Сите се запознаени со ликовното дело на Салвадор Дали, но малкумина знаат дека тој се обидел креативноста да ја изрази и преку женската мода. Поточно се работи за костими за капење.
Во видеото во продолжение се прикажани неговите креации, а записот е насловен како „Nightmare Swimwear“ (Кошмар костими за капење). Една од жените „носи“ слики на очи преку нивните гради, додека другата има кукла во форма на бејзбол играч.
Експертот за делата на Дали и асистент по Модерна Историја на уметност во Вашингтон, Елиот Кинг во 2012 година изјави дека видеото е од Мај 1965 година. Дали дизајнирал необична облека за на плажа за произведувачот на облека Висконсин. Во договорот што го склучил со Џек Винтер, ангажманот вклучувал и спортска облека, што може да го објасни бејзбол играчот на рамениците на жената.
Дизајните никогаш не се пуштени во масовно производство, но „играчите“ на надувување што ги дизајнирал добиле втора намена, како играчки во неговиот базен.