Костимите на Кејт Бланшет во „Пепелашка“

9 март 2015

Во пресрет на премиерата на новата екранизација на детската бајка „Пепелашка“, закажана за 12-ти март, најдискутирана тема е костимографијата во филмот.

Дизни во оваа мултимилионерско оставрување направи одличен кастинг, па носечките женски улоги се на Кејт Бланшет како злобната маќеа, Лили Џејмс како новата Пепелашка, а пак Хелена Бонам Каретр ја игра добрата вила.

Костимите ги потпишува Сенди Пауел која инспирацијата ја црпела од силуетите во 40-тите години на минатиот век, како и големите диви од тоа време како Џоан Крафорд.

Филмот беше и инспирација за повеќе светски дизајнерски имиња да креираат своја верзија на култните стаклени чевличиња на главната хероина.

Во продолжение правиме пресек на дел од костимите што ги носи Кејт Бланшет во филмот.

Објавено:
9 март 2015
Категорија: 
Сцена