Костимите во филмот за Били Холидеј се креација на Prada

14 јануари 2021

Пред 50 години во филмот Lady Sings the Blues, легендарната Дајана Рос ја толкуваше улогата на Били Холидеј. Денес, обидувајќи се да ги претстави нештата од поинаков аспект, режисерот Ли Даниелс, ја презентира најавата за новиот филм за џез иконата. Главната улога ѝ припадна на пејачката Андрa Деј, а фокусот е ставен на неверојатниот глас на Холидеј кој на почетокот е пропратен со восхит, а во моментот кога е дигнат против расизмот, истиот е омаловажуван и линчуван. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andra Day (@andradaymusic)

Освен што е музичка, Били Холидеј е и модна икона. Гарденијата (цветот кој постојано го носи на својата коса) станува нејзин заштитен знак, а дизајнерите за неа креирале гардероба која ќе биде во мода десетици години по нејзиното појавување. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lee Daniels (@leedaniels)

Со цел да се комплетира доживувањето на филмот, неопходна е беспрекорна костимографија, па по препорака на Ана Винтур, режисерот Ли се обратил на модната куќа Prada. 

За потребите на филмот, тимот на Prada дизајнирал девет костими. Истражувањето веројатно било големо уживање, бидејќи архивите на куќата се полни со колекции на Prada инспирирани од 40-те и 50-те години на минатиот век, комплетно придржувајќи се до историските податоци. 

Филмот го носи името The United States vs. Billie Holiday, a неговата премиера е закажана за 20. февруари. 

 
Објавено:
14 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
116 пати