Кралицата Елизабета во супермаркет

28 октомври 2016

Кралицата Елизабета пред некој ден се појави на многу невообичаено место за неа, но не и за останатите, во супермаркет, придружувана од нејзиниот сопруг принцот Филип, принцот Чарлс и Камила.

Нејзината намера не била да ги провери Липтон чаевите, туку да ги види локалните производи во супермаркетот кој се наоѓа во Паундбури. Не сакала никој додполнително да и објаснува, па изразила желба сама да разгледува, облечена во сино костимче, кое вообичаено прилега на нејзиниот стил.

Со оглед на нејзините навики од аспект дека ретко може да ја видите на јавни места, особено во локален супермаркет, за Британците ова е еден вид преседан.

Велат дека најмногу се задржала кај сирењата, за што изразила задоволство од понудениот избор.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.895 пати