Кралицата Летиција во фустан кој му пркоси на времето

20 јануари 2022

Во дворецот Сарсуела во Мадрид, неодамна се одржа настан на кој кралицата Летиција и кралот Фелипе пречекаа бројни амабасадори и дипломати.

Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на модните медиуми е модната комбинација на Летиција. Позната по беспрекорниот моден вкус и овој пат направи полн погодок.

Имено, таа носи фустан кој нејзината свекрва, кралицата Софија го носела пред дури 45 години, во посета на Германија.

Се работи за креација на модната куќа „Валентино“, во долниот дел е макси зелено здолниште, додека горниот дел е од транспарентна цветна тантела и бела  основа.

Посебен впечаток остана фактот дека фустанот е беспрекорно сочуван и прилагоден за кралицата Летиција и се' уште изгледа фантастично.

Креација која му пркоси на времето и од повеќе аспекти.

Инаку, ова не е првпат да носи фустан од кралицата Софија. И во септември годинава ја видовме во една женствена креација стара неколку децении.

Како ви се допаѓа вам?

Објавено:
20 јануари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.517 пати