Кралицата Ранија во сафари фустан што ѝ прилега на секоја жена

1 септември 2022

Кралицата на Јордан, Ранија, на својот личен Инстаграм профил објави фотографии од деловен состанок на кој носи сафари фустан, вешто искомбиниран со суптилен накит и елегантни салонки. Дека ѝ прилега беспрекорно, тоа е неспорно.

Но, универзалниот карактер на ова парче, кое ѝ ласка на женската фигура, ја потенцира половината, а во долниот дел е дефиниран во А крој, го прави совршен модел за секоја жена на различна возраст. Неговата миди должина му дава дополнителна женствена нота, а притоа го прави и флексибилен за комбинирање со поелегантни или спортски обувки.

Тоа што кралицата Ранија го носи на деловен состанок е само уште еден пример плус, како ваков модел на фустан е сосема соодветен за различни прилики, вклучително и за на работа.

Инаку, кралицата вчера го прослави 52-от роденден заедно со своето семејство, а својот Инстаграм профил потој повод го надополни со уште една семејна фотографија под која напиша:

-Моето срце е полно! Не можев да посакам посовршен начин да го прославам роденденот, од тоа сите сакани да ги имам околу мене.

Објавено:
1 септември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
652 пати