Кралското семејство на првото заедничко зимување

7 март 2016

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам деновиве се вратија од нивното прво зимување како четиричлено семејство, а конечно можеме да ги видиме и фотографиите од нивниот одмор. 

Кралската двојка уживаше на француските Алпи заедно со нивните две дечиња, 10 – месечната принцеза Шарлот и двегодишниот син Џорџ. 

Сосема во нивен стил кога станува збор за семејните одмори, кралското семејство и овој пат замина без никакво медиумско внимание, а со себе понесоа само еден фотограф кој направи мала серија од семејни фотографии. 

Сите фотографии беа објавени утрово по нивното враќање, а сосема очекувано истите предизвикаа огромно внимание ширум светот. 

Од самиот почеток на нивната врска, Кетрин и Вилијам внимателно ги одбираа моментите и настаните каде се појавуваат, а по доаѓањето на нивните две прекрасни дечиња приватноста им стана најважното нешто. 

На социјалните мрежи тие го имаат профилот на Kensington Palace каде објавуваат исклучително внимателно одбрани фотографии од моменти што тие самите ги одбираат. 

На фотографиите од нивното прво заедничко зимување можеме да го видиме кралското семејство во неизмерна среќа како му се радува на снегот и на прекрасните дечиња кои се послатки од кога и да е во нивната зимска опрема.

Објавено:
7 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.752 пати