Криси Тиген е најубаво облечена трудница

26 февруари 2018

Моделот Криси Тиген во ноември месец минатата година објави дека е повторно бремена. Таа и музичарот Џон Леџенд го очекуваат второто дете. За потсетување, нивната ќерка Луна, е родена во април 2016 година.

И за време на првата бременост, а и сега, Криси е една од познатите дами со најдобар стил и во овој период од животот.

Кога ќе ги разгледате нејзините фотографии, ќе забележите дека таа не стравува од боја, принтови и интересни ткаенини.

Ако Ким Кардашијан на пример, коментираше како во бременоста воопшто не се чувствувала убаво во сопствената кожа и најчесто ја гледавме во неутрални бои и памучни парчиња, Криси одлично се справува со промената на телото и стилот.

Нејзин чест избор се фустани со V-израз, или пак на преклоп. Половината речиси секогаш е истакната со некој тип на ремен.

Исто така, гордо ги истакнува облините во креации што ја следат линијата на телото. Модните стручњаци и инаку ја класифицираат во групата најдобро облечени жени, но посебно го фалат нејзините стил во текот на бременоста, бидејќи е инспирација за многу жени. 

Воедно, со ваквиот стил, Криси покажува дека и покрај тоа што сте бремени, не мора да се откажете од омилените парчиња, од доза на вкусен сексапил и тесните парчиња.

Во продолжение погледнете за што ви зборуваме:

Објавено:
26 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.470 пати