Криси Тиген и Џон Леџенд уживаат во убавините на Портофино

3 јули 2019

Една од омилените познати двојки во светот, Криси Тиген и Џон Леџенд во моментов се на семејно патување во Италија заедно со нивните две дечиња Луна, три години и Мајлс, 14 месеци.

 Тие уживаат на јахта заедно со нивните пријатели со која крстарат низ Италија, а во моментов се во Портофино каде уживаат во локалните специјалитети и времето поминато со нивните слатки дечиња.

Двојката беше фотографирана на прошетка низ локалните улици додека уживаа во познатиот италијански сладолед од кој Криси беше воодушевена.

За време на прошетките, Криси носеше стилски парчиња кои се совршени за летниот период, па така можевме да ја видиме во бело фустанче на преклоп со златен ремен на половината, потоа во лелеаво жолто со копчиња и секако, тренди костим за капење во кафена нијанса.

Криси и Џон постојано објавуваат фотографии на социјалните мрежи од нивниот престој според кои може да се забележи дека семејството одлично се забавува.

Во неколку наврати двојката има изјавено дека Италија е една од нивните омилени земји, а истото го докажаа со нивната венчавка на езерото Комо и со честите прошетки во оваа прекрасна земја.

Инфо и фото: Tportal.hr, Profimedia

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
735 пати