Криси Тиген повторно се соголи емотивно: До синот што за малку ќе го имавме...

30 септември 2021

Моделот Криси Тиген е позната по тоа што своите приватни случувања, емоции и доживувања сака да ги сподели со луѓето што ја следат на социјалните мрежи.

Тоа го прави и за убавите момент, но и за оние што предизвикале болка.

Загубата на бебето е еден од оние предизвикаа различни емоции и реакции кај луѓето, но Криси остана доследна на нејзината одлука за тоа да проговори јавно.

Година дена подоцна, таа со уште една објава, се потсетува на загубата на бебето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

 

„До синот кој за малку ќе го имавме. Пред една година ми ја предизвика најголемата болка што некогаш можев да ја замислам, а за да ми покажеш дека можам да преживеам се', дури и ако не го сакам тоа. Немав можност да се грижам за тебе, но ти дојде и не натера да се сакам себеси и да се грижам за себе, бидејќи нашите тела се скапоцени и животот е чудо. Ми зборуваа дека ќе биде полесно, но се разбира, се' уште не е. Мама и татко ќе те сакаат засекогаш“, стои во описот на фотографијата.

 За потсетување, Криси имаше плацентарна абрупција, поради што трудела со помош на докторите да го задржи бебето барем до 28 недела, преку постојано мирување во кревет. Но, не успева, во 20-тата недела е принудена да го донесе на свет бебето, бидејќи ситуацијата во која се наоѓа тогаш е опасна и по нејзиното здравје и живот. 

Инаку, Криси и Џон Легенд имаат две деца,  4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс, добиени по пат на ин-витро, после речиси децениска борба за потомство.

 

 

Објавено:
30 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.095 пати