Криси Тиген се збогува со силиконите: Сакам да можам да легнам на стомак

28 мај 2020

Моделот Криси Тиген е една од омилените познати личности кај жените, а најмногу поради нејзиниот искрен и реален пристап кон нештата.

Многупати досега зборувала за нејзините проблеми, за мајчинството, бракот, својот изглед... И речиси во секоја таква нејзина објава можеле да се пронајдат илјадници жени.

Сега пак, како што најави и претходно, ќе има операција со која сака да ги извади имплантите во гради. За да може тоа да го стори, чекала да се смири ситуацијата околу пандемијата, но исто така морала да се тестира на коронавирус, а резултатите ги сподели на социјалните мрежи.:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) onMay 26, 2020 at 3:55pm PDT

„Здраво на сите. Откако објавив дека се тестирав за Ковид-19, многумина се загрижија, а беа и љубопитни па прашуваа зошто го правам тоа. Ве интересира на каква операција одам, што го разбирам. И порано кажував дека би сакала да ги отстранам силиконите од градите. Долго години беа одлични и си ја завршија работата, но едноставно сфатив дека го надминав тоа и дека е време да ги тргнам. Сакам да бидам во можност да закопчам фустан од мојот конфекциски број, да спијам на стомак, во целосен комфор. Нема повеќе големи гради. Но, не грижете се. Ќе биде сè во ред. И понатаму ќе имам гради, но ќе бидат вистинска масна наслага, што градите и всушност се“, објасни 34-годишниот модел на својот Инстаграм профил.

За потсетување, таа пред три години призна дека за својот изглед може да им заблагодари на пластичните операции.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) onMay 26, 2020 at 3:40pm PDT

 

-Сè на моето лице е лажно, освен јаболчниците. Усните, носот, челото – сè е лажно. За да имам поубави заби, ги истругав и личеа на мали мини од молив, што е малку чудно ако се обидете да мислите или да го визуализирате тоа. Бев фамозен забо-брусач, па сите мои предни заби станаа за неколку милиметри пократки – откри тогаш Тиген.

Покрај лицето, Криси откри и дека пред 12 години се подвргнала на неколку интервенции, а на прашањето која е најлудата операција што ја направила, ќе каже:

-Правев липосукција под пазувите. Тоа беше строга тајна, но сега ми е гајле, поминаа повеќе од девет години. Процедурата е таква што ви се додаваат пет сантиметри во должина на рацете, после што имав поголема самодоверба кога носев парчиња без ракави. Признавам, тоа е една од најглупавите, бидејќи ефектот не е перманентен. После некое време, повторно сè се враќа на старо и мора да одите на нова липосукција. Но, мене тоа ме направи среќна и не жалам за ништо што сум направила – раскажува тогаш, додавајќи:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) onMay 24, 2020 at 6:41pm PDT

 „Пред десетина години имав и операција на градите. Беше тоа во моите рани 20-ти. Го направив тоа за да си ја зголемам самодовербата и да се чувствувам подобро додека позирам во бикини и долна облека за разни магазини и на писта. Потоа дојдоа децата и моето тело се смени. Млекото и доењето ги сменија моите гради. Сега со задоволство би ги извадила силикони и евентуално би ги кренала градите да стојат поубаво“.

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
980 пати