Кристи Тарлингтон по 18 години на коверот на британски Вог

30 мај 2014

Американскиот супермодел Кристи Тарлингтон повторно се враќа на модната сцена! Убавицата која спаѓаше во безвременската „златна“ генерација на супермодели  го краси коверот на британскиот Вог и уште еднаш докажа дека годините не и можат апсолутно ништо. За сликањето на насловната страна, Кристи носи бел џемпер од Acne и минимален мејкап.

Тарлингтон во периодот од  1986 до 1996 година сними 14 насловни страни за култниот магазин и токму затоа ова издание има посебно значење бидејќи таа повторноо се слика за Вог по пауза од 18 години.

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Сцена