Кристијан Лакроа за Petit Bateau

11 септември 2013

Кристијан Лакроа ќе дизајнира нова мини колекција. Дизајнерот кој соработува со култниот париски бренд Petit Bateau, ќе работи на новата капсулна колкеција која ќе содржи четири парчња за жени и две за деца. Оваа  колекција ќе биде пуштена во продажба на 6-ти декември во парискиот бутик Opéra Garnier.

 

Кристијан Лакроа

 

Претходно дизајнерот работеше на мини колекцијаво соработка  со брендот Schiaparelli, која помина одлично, благодарение на инвентивноста на овој феноменален дизајнер. Идејата на модната куќа Schiaparelli да се креираат 15 парчиња кои ќе припаѓаат на високата мода реши да ја реализира Кристијан Лакроа, кој за италијанското списание Marrie Claire избра четири ексклузивни комбинации, кои одговараат на четири типови жени. Додека да се промовира капсулната колекција на Petit Bateau еве да ве потсетиме на она што е најсвежо од Лакроа, капсулната линија за брендот Schiaparelli:

 

 

 

 

 

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Сцена