Кристина во земјата на чудата

14 август 2013

Својата кариера на успешна пејачка Кристина Агилера почна да ја гради уште од најмали нозе, земајќи учество во емисиите на Мики Маус во продукција на Волт Дизни Студио. Важи за еден од најмоќните вокали во музичката индустрија. Денес ќе го посетиме домот на оваа русокоса убавица.

 

 

Живописни бои, чуден мебел, радикална уметност и изобилство на црвени рози, таков е првиот впечаток кој ќе го добиете доколку ја посетите куќата на оваа славна дива во Лос Анџелес. Всушност наликува на куќата на зајчето од приказната за „Алиса во земјата на чудата“. Целосниот ентериер на куќата е желба на симпатичната пејачка. Секоја соба си ткае своја приказна, но во суштина повторно се навраќаме на силната црвена боја и бајковитиот изглед.

 

 

Од многу тантела, крзно и леопардов принт во спалната, собата за шминкање и фризирање и плакарот како и јаките розово зелени нијанси засилени од црвени тонови добивате чувство дека сте во некој бордел, кој личи на спотот на Кристина насловен „Moulin Rouge“. Всушност низ целата куќа струјат вибрации на силни пастелни бои, полици и ходници, накитени со необични пердувести и масивни украси. И сето тоа заедно како целина и не изгледа толку лошо затоа што во поглед на естетиката и стилот запазени се основните начела, правила и прописи. Мебелот покрај епитетот чуден ќе додадеме уште и дека е рачна изработка со специфични резби. Терасата личи на индиско светилиште, перниците, боите, миризливите стапчиња, златните нишки, само ја засилуваат сликата на мала оаза на мирот. Се чини дека чакрите се споиле и се сплотиле во едно со градината и базенот.

 

 

„Вистинско прибежиште и место каде може да си го пронајдеш својот мир и да ја обновиш внатрешната енергија“, вели Агилера.

Единствените места во нејзината куќа кои имаат баланс на една боја во неколку нијанси се бањите. Тие обично се бели со бежови тонови, со огромни кади и меки теписи. Пејачката сака тие да личат на облачиња, место каде ќе може да се релаксира. Она што е специфично е дека о нејзиниот гардаробер кој е огромен парчињата облека, чевли и чанти се селектирани во зависност на кој моден бренд, дизајнер или модна куќа и припаѓаат.

 

1343282579

 

Куќата има и соба за играње, како и голем паркинг, каде Кристина ги чува неколкуте модели на автомобили, а исто така има детска соба за нејзиниот син која се одликува со мирни тонови, весела и разиграна атмосфера.

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Сцена