Лагерфелд: Кара Делевињ е Чарли Чаплин во модниот свет

10 март 2014

„Таа е карактер, односно Чарли Чаплин во модниот свет. Кара е генијална, како лик од нем филм. Девојките и се восхитуваат како што порано тоа го правеа за Кејт Мос, а истовремено и завидуваат за слободата која ја ужива“ – изјави Карл.

Покрај Кара, дизајнерот издвои уште неколку дами кои имаат посебно значење во неговиот живот, а меѓу нив се Кејт Мос, Викторија Бекам, неговата мачка Шупет и кралицата на Англија - Елизабета Втора, која според него никогаш не изгледала смешно, туку беспрекорно. Според Лагерфелд кралицата не треба да биде модна икона која ќе ја промени модата, додека пак за Кејт истакнал дека одлично изгледа во класичните креации, но дека Камила секогаш води во изборот на уникатните шапки.

Во модната индустрија не е тајна дека Карл ја бојадисува косата во бела нијанса, но вистинската причина била таа што неговата мајка имала таква коса, а бидејќи дизајнерот имал делумно жолтеникав сјај, морал да се фарба за да го постигне истиот ефект.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Сцена