Ланком прослави 80 години постоење

8 јули 2015

Познатиот козметички бренд, Ланком, вчеравечер послави 80 години постоење и тоа заедно со пет прекрасни дами - Џулија Робертс, Пенелопе Круз, Кејт Винслет, Лупита Нјонго и Исабела Росалини.

Сите овие дами беа заштитно лице на брендот, а и иако во различни возрасни граници, денес важат за едни од најубавите жени во Холивуд.

Секоја посебна и своја, негувана и природна, е доказ за тоа дека тие несоменено биле одличен избор на компанијата. Инаку, од сите пет, Исабела Росалини била нивно заштитно лице дури 14 години, почнувајќи од 1982 година.

Исабела Росалини Исабела Росалини

На прославата присуствуваше и Лили Колинс, Криси Тајген со Џон Леџенд, Петра Немцова, Лили Доналдсон,  Дариа Вербови, а за добрата атмосфера беше задолжена Кајли Миног.

Објавено:
8 јули 2015
Категорија: 
Сцена