Лари Кинг за загубата на децата: Ниту еден родител не би требало да го погреба своето чедо

25 август 2020

Познатиот водител Лари Кинг и неговото семејство неодамна се соочија со голема семејна трагедија, изгубија два члена во рок од три недели. Имено, Кинг на својот фејсбук профил ги потврди тажните вести:

фото: facebook.com/LarryKing

„Со тага и скршено срце на татко ја потврдувам неодамнешната загуба на моите деца Енди Кинг и Чаја Кинг. И двајцата беа добри души и бескрајно ќе ми недостасуваат. Енди почина ненадејно како последица на срцев удар на 28. јули, а Чаја почина на 20 август, набргу по дијагностицирањето на карцином на белите дробови

Да ги загубиш децата е толку многу погрешно. Ниту еден родител не би требало да го погреба своето чедо.

Јас и моето семејство сме благодарни за вашите добри мисли, зборови на утеха и поддршка. Во овој момент потребно ни е малку време и приватност да закрепнеме. Ви благодарам што го почитувате тоа“, гласи објавата на водителот.

 

Лери го посвоил Енди во 1962 година, по венчавката со мајка му Алин Акинс, со која ја добил и Чаја. Енди починал на 64 годишна возраст, додека Чаја на 52.

Покрај овие две, Кинг ги има и синовите Лери Џуниор (58), Ченс (21) и Канон (20).

 

Објавено:
25 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.579 пати