Еден од најпопуларните филмови за оваа сезона „A Star is Born“ за кој многумина ќе кажат дека најверојатно ќе освои многу награди на Оскарите, имаше премиера во Лос Анџелес на која се појавија некои од најголемите холивудски ѕвезди.

Сосема очекувано, целото внимание беше насочено кон главната улога и ѕвездата на филмот Лејди Гага која овојпат се појави во прекрасна сребрена креација на Живанши со долга наметка и прекрасна фризура и впечатлива шминка.

Нејзиниот колега и партнер во филмот Бредли Купер, изгледаше подеднакво прекрасно во нежно син троделен костим со темна вратоврска и чевли во слична боја.

На премиерата во Лос Анџелес се појавија и Алиса Милано, музичката дива Глорија Естефан, актерката Леа Мишел, пејачот Адам Ламберт и многу други.

Филмот A Star is Born кое е режисерско дело на актерот Бредли Купер кој воедно и глуми во филмот е еден од најочекуваните за претстојната сезона, а официјалната премиера треба да се случи на четврти октомври.

Во истиот се раскажува приказна за еден музичар кој помага на млада пејачка која е ултра талентирана да успее во светот на музиката.

Ова е четврти римејк на романтичниот филм кој за прв пат беше прикажан во 1937 – ма година.

„Ова е прекрасна приказна која мислам дека ќе ги допре буквално сите луѓе во светот“, изјави Лејди Гага на една пред конференција на филмскиот фестивал во Венеција

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
442 пати