Лејди Гага ја пее новата песна за филмот „Топ Ган“

4 мај 2022

Продолжувањето на култниот филм „Топ Ган“ ќе биде премиерно прикажано кон крајот на месецов, но пред да го гледа филмот, публиката има шанса да ја слушне насловната песна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Се работи за песната „Hold My Hand“ во изведба на Лејди Гага. Како вели пејачката, композицијата е своевидно љубовно писмо посветено на светот, кој се соочува со тешки времиња. 

Во песната зборува за потребата меѓусебно да се разбираме повеќе, да ја вратиме близината, дури и кога сме физички одделени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

 

Инаку, пејачката неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија со Том Круз, со што само најави поврзаност со новиот проект, а неколку дена подоцна, имаме можност да ја слушнеме и песната:

 

Објавено:
4 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
738 пати