Лејди Гага на насловна во пењоар

3 април 2014

Веќе навикнавме ексцентричната пејачка Лејди Гага да ја гледаме во најнеобични изданија, но ова нејзино појавување на насловната страна на магазинот Porter е навистина изненадувачко. Гага речиси е непрепознатлива поради природниот и едноставен изглед облечена во пењоар. Иако на себе има многу малку шминка, тој природен изглед во комбинација со фризурата во стилот на 70-тите, одлично и прилега .

Винтиџ домашниот пењоар и припаѓал на нејзината баба, а како што вели во интервјуто, најчесто го носи дома кога пишува песни и компонира. Токму со домашниот пењоар, пејачката уште еднаш покажа дека е неповторлив моден камелеон кој се трансформира до непрепознатливост.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Сцена