Лејди Гага објави селфи без шминка и предизвика реакции

17 февруари 2020

Пејачката Лејди Гага вчера на својот Инстаграм профил објави селфи фотографија на која е комплетно без шминка (ако не го сметаме сјајот за усни).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onFeb 12, 2020 at 9:10pm PST

 За неколку часа собра преку милион допаѓања, но и различни реакции.

Некои сметаат дека изгледа непрепознатливо, додека пак други дека изгледа фантастично.

Она што секако е неспорно е дека пејачката може да се пофали со беспрекорна кожа. Нејзиниот визажист Сара Тано, во една пригода за весникот „Тудеј“ изјави дека Гага ја има најсовршената кожа од сите жени со кои соработувала. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onNov 30, 2019 at 10:00am PST

 Воедно, откри дека ги користи маските за лице „Талика“ и тоа мошне често, кои ѝ ја даваат потребната нега.

Инаку, оваа 2020 година почна одлично за Гага. Во медиумите се појави информација дека има ново момче, Мајкл Полански, која Гага ја потврди со заедничка фотографија на почетокот на месецов, а последно и за Денот на вљубените, потоа со Опра зборуваше за нејзиното ментално здравје и предизвиците со кои се соочувала, но и нејзината компанија за шминка „Haus Laboratories“, која допрва ќе го освојува пазрот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onFeb 3, 2020 at 2:20pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onFeb 14, 2020 at 10:50pm PST

 Ова релаксирано издание на пејачката која на почетокот на кариерата беше препознатлива по шокантниот стил и шминка, само го потврдува она за што медиумите пишуваат, дека никогаш не ѝ било подобро.

 

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.165 пати