Лејди Гага - Сексапилна и елегантна во црна креација на „Армани“

17 ноември 2021

Лејди Гага и остатокот од екипата од филмот „Куќата Гучи“ ја продолжуваат низата премиери. Неодамна се одржа и онаа во Њујорк, а за ова појавување, актерката и музичарка одбра елегантна секси креација, со потпис на „Армани“.

Се работи за фустан во сирена крој, кој во долниот дел е изработен од кадифе и ја следи линијата на телото, а во горниот дел градите се покриени со ленти од црн тул со точки, кој на крајот се врзува во панделка.

Но, покрај овој нејзин изглед, многумина зборуваат и за насловната на ноемврискиот број на „Холивуд Репортер“, каде Гага носи креација на модната куќа „Скјапарели“ и изгледа фантастично!

 

Уште едно нејзино издание вредно за внимание беше и комплетот од „Родарте“ составен од бели панталони и палто со везена монистра и тантела. 

Интересно е што Гага во речиси сите досегашни појавувања за овој филм одбира чевли на ултра висока платформа, нешто што беше дел од нејзината естетика на почетокот на кариерата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

 

Објавено:
17 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.190 пати