Лејди Гага: Скришно го гледав „A star is born“ во локални кино – сали

14 ноември 2018

Прекрасната Лејди Гага неодамна сними фантастична фотосесија за магазинот Variety, а во интервјуто открива дека сè уште не може целосно да излезе од ликот на Али.

Открива и дека неколкупати скришно одела во локалните кино сали за да го гледа филмот, но секогаш си заминувала пред крајот бидејќи сè уште го доживува многу емотивно.

„Првиот пат кога го гледавме, Бредли донесе стерео систем за уште подобро да го слушаме звукот, а јас цело време плачев. Сè уште не можам целосно да излезам од ликот на Али. Неодамна бев и во една локална кино сала, скришно, и го изгледав речиси целиот филм, но морав да си заминам на крај бидејќи знаев дека ќе плачам. Тоа е толку емоционално и трагично. Морам да се дистанцирам од тоа“, вели пејачката и актерка за интервјуто на магазинот.

Таа говори и за огромниот успех што песната од филмот го доживеа, а кој многумина го споредуваат со оној на „My heart will go on“ од Титаник.

„Песната доживеа успех бидејќи се раскажува една емотивна приказна, прекрасен разговор помеѓу маж и жена. Затоа луѓето плачат кога и да ја слушнат. Мажот и жената се поврзуваат и едноставно, се слушаат себеси“, вели Гага.

Имено, во моментов таа е актуелна со помошта за сите зафатени од пожарите во Калифорнија каде впрочем и се наоѓа нејзината куќа која за малку не беше зафатена од огнените јазици.

На нејзиниот Инстаграм профил таа постојано објавува фотографии на кои можеме да ја видиме како им носи храна и кафе на сите штитеници на Црвениот крст и локалните засолништа за сите оние што ги изгубиле своите домови.

„Денеска е светскиот ден на љубезноста. Ве охрабрувам да направите добро дело за некого, макар тоа било и за вас самите“, напиша 32 годишната пејачка на Инстаграм.

Инфо: Daily Mail, Variety

Фото: Daily Mail, ART STREIBER FOR VARIETY

Објавено:
14 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
735 пати