Лејди Гага во центарот на вниманието на забавата на Карин Ројтфилд и Харпер Базар

8 септември 2014

Со почетокот на модната недела во Њујорк, почнаа и гламурозните забави организирани од некои од најголемите имиња во модната индустрија.

Веднаш по завршувањето на доделувањето на модните награди од магазинот The Daily Front Row, познатите се префрлија на вечерата во Плаза каде беа прогласени модните икони на годината од страна на магазинот Harpers’s Bazaar и уредничката Карин Ројтфилд.

Најголемо внимание на вечерата предизвика ексцентричната поп – икона Лејди Гага која се појави заедно со нејзиното момче Тејлор Кини (33), во секси креација направена од нејзината сестра Натали Германота, за која веруваме дека допрва многу ќе се слуша.

На одличната забава на еден од најпознатите магазини на вечерта се појавија и голем број на дизајнери меѓу кои и Донатела Версаче заедно со нејзината ќерка Алегра, Џејсон Ву, DSqured2 и други, но и некои од најпознатите модели меѓу кои и Карли Клос, Линда Евангелиста, Каролина Куркова, Алесандра Амбросио и други.

 

Навистина прекрасната беше актерката Брук Шилдс која изгледаше подобро од кога и да е, во црна долга тоалета и дискретен накит и шминка. Она што беше особено интересно е тоа што таа во неколку наврати вечерта се дружеше со Лејди Гага, па дури и позираше за фотографите со поп – пејачката, која вечерта, сосема случајно, испеа неколку песни за присутните.

Дел од вечерата беа некои од најголемите стилски икони низ годините, меѓу кои и неверојатната Линда Евангелиста, Пенелопе Круз и секако, гореспоменатата Брук Шилдс.

Објавено:
8 септември 2014
Категорија: 
Сцена