Лејди Гага во луда креација на Луј Витон

1 ноември 2013

Лејди Гага дефинитивно докажа дека последната колекција пролет/лето 2014 на Луј Витон е далеку од нослива во реалниот живот.

Но, ако некој се двоумеше дали постои личност на овој свет што ќе носи некое парче од неговата колекција во јавност, сега нема причина за тоа.

Ексцентричната Лејди Гага се појави во креација од последната колекција на дизајнерот на шоуто на Грахам Нортон и изгледаше сосема лудо во истата.

27 – годишната пејачка покрај со пердувите, кои едноставно беа огромни, имаше проблем и со потпетиците кои беа вртоглаво високи.

Покрај неа, постојано беа двајца телохранители кои се трудеа пејачката да не западне во некоја незгода.

Но, сепак, на крајот од вечерта пејачката обидувајќи се да влезе во својот автомобил, имаше голем проблем со пердувите, па наведнувајќи се да си ја олесни работата, на светот уште еднаш му покажа дека не е голем љубител на градници.

Објавено:
1 ноември 2013
Категорија: 
Сцена