вездата на „Титаник", Леонардо ди Каприо, кој неодамна ја прекина врската со неговата поранешна девојка Камила Мороне, веќе некое време крева дополнителна прашина околу себе откако се појавија гласини дека се состанува со супермоделот Џиџи Хадид.
За време на модната недела во Њујорк, Лео и Џиџи беа забележани како се дружат на ексклузивната забава приредена од пријателите на Ди Каприо, Ричи Акива и Дарен Џиенсиол во една мансарда во Сохо во саботата навечер.
Фото: pagesix.com
Иако Џиџи беше зафатена оваа недела со ревиите на Vogue World и присуствуваше на Модните медиа награди на The Daily, таа сепак најде време да биде во друштво на актерот.
Фото: capitalfm.com
Гласините за „новиот холивудски пар" започнаа да се шират уште во јули годинава кога Џиџи и Лео биле забележани заедно на свечено отворање на ексклузивниот клуб The Ned, а во август биле забележани како се состануваат на приватна локација.
Фото: pagesix.com
Иако веста дека станува збор за нова двојка останува само гласина и не е официјално потврдена, јавноста ужива да се пошегува на сметка на актерот и неговиот „нов неочекуван избор" кој се коси со неговата досегашна практика да се состанува само со девојки до 25-годишна возраст. Џиџи Хадид има 27 години и е мајка на малечката Каи заедно со пејачот Зејн Малик, од кого се раздели во октомври.
Фото: capitalfm.com
Дали Џиџи Хадид и Леонардо ди Каприо се новиот пар останува да покаже времето.