Летниот моден дневник на Оливија Палермо

15 август 2013

Трендсетерката што секогаш привлекува внимание, Оливија Палермо, летото го помина  со крстарење на  јахта низ грчките острови. Дека е зависничка од мода, докажува и нејзиниот летен моден дневник, како што таа го нарекува, а се состои од фотографии од нејзиниот индивидуалистички изглед на море.

 

Она што е задолжително во летните стајлинзи на Палермо, се маркантните парчиња аксесоари, белото лежерно романтично фустанче, маичките со принт и пруги како и 10 пара очила за сонце па дури и футроли за мобилен телефон. Како изгледа двонеделниот моден дневник на море на Оливија Парелмо погледнете низ фотографиите.

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Сцена