Пјерпаоло Пичоли неодамна за Валентино ја промовираше новата колекција за есен-зима 2022, која остави силен впечаток меѓудругото и поради тоа што целата колекција вклучително и самата сценографија, целосно беа обоени во моќна, магента боја.
Ова лето и уличната мода е во слично „расположение".
Експресивната модна слика на улиците оваа летна сезона најавува богат колорит, а нијансите на розовата боја ќе бидат меѓу најатрактивните.
Од суптилни и пастелни до интензивни и доминантни, розовите нијанси ќе донесат свежина во нашите летни комбинации.
Од комплетно розови комбинации до розови акценти преку накит, чевли или чанти, во продолжение следуваат трендовски комбинации што ќе ве мотивираат како ова лето да ја имплементирате оваа боја во вашиот имиџ.
Фото: Пинтерест