Една од најбогатите наследнички во светот, Марта Оретга (38), ќерка на сопственикот на модната групација Inditex, под чија капа се и Zara, Massimo Duti, Pull and Bear, Bershka и Stradivarius, е ислкучително приватна личност која претпочита да го живее животот подалеку од вниманието на јавноста.
Фото: elle.rs
Но, нејзиното вродено чувство за мода, модни вештини како креативен консултант во одделот Zara Woman, уникатен стил и фактот што е ќерка на Амансио Ортега, сепак ја прави привлечна мета за папараците кои сакаат во секој момент да уловат дел од нејзините улични стилски блесоци. Па така можеме да видиме дека нејзиниот личен стил е опуштен и лежерен, иако според веродостојни извори како нејзините пријателки Атина Оназис и кралицата Летиција, Марта е важна и влијателна фигура во рамките на шпанската елита.
Фото: elle.rs
Дури и во моментите кои од неа бараат да биде облечена поформално, тоа таа го прави на суптилен и совршено балансиран начин кој не е оптоварен со богатство и луксуз.
Ова се неколку примери кои ни даваат увид во личниот стил на Марта Оретга.
Фото: elle.rs