Поминаа десет години од премиерата на еден од омилените филмови во историјата, Мама Миа!, кој и денеска можеме да го гледаме со подеднаква возбуда како и првиот пат.

Во Лондон вчеравечер се случи долгоочекуваната премиера на продолжението на одличниот мјузикл, каде се собраа некои од најголемите холивудски ѕвезди.

Една од девојките кои најмногу се издвои беше прекрасната Лили Џејмс која толкува една од главните улоги, која се појави во волшебна креација од ресортот на Оскар де ла Рента.

На премиерата таа се појави заедно со нејзиното момче, Мет Смит, ѕвезда на серијата The Crown, кој беше подеднакво згоден во совршено скроено одело и одбрани модни додатоци.

Подеднакво фантастична во црн женски костим со везени цветови по површината беше и нејзината колешка Аманда Сајфрид која беше една од ѕвездите во првиот дел на филмот.

На премиерата на продолжението на Мама Миа! Се појави и музичката дива Шер која исто така глуми во филмот, во целосно црна комбинација и транспарентен градник под палтото и многу накит.

Иако има 72 години, таа изгледаше одлично и во супер форма, а истото можеме да го видиме и во филмот во кој ја толкува улогата на бабата на Софи.

Вистинска дама во сино беше секогаш омилената Мерил Стрип која им приреди забава на фотографите кога се бакна со Шер во уста и со тоа ги отфрли сите гласини дека не се согласувале добро за време на снимањето на филмот.

Неверојатно елегантни на премиерата беа и познатите актери кои се појавуваат во филмот меѓу кои и Пирс Броснан, Колин Фирт, Стелан Скарсгард, Том Хенкс и секогаш уникатниот Енди Гарсија.

Одличното продолжение на еден од најочекуваните филмови за годинава ќе можете да го погледнете и во нашите кина од 19 – ти јули.

Извор и фото: Дејли Мејл

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
746 пати