Лили Роуз Деп: Мојот татко е најдобрата личност на светот!

30 мај 2016

Разводот на Џони Деп и Амбер Хард во моментов е една од најактуелните теми во светските магазини, а вистинска бура предизвика и преслатката реакција на ќерката на актерот Лили Роуз Деп која за прв пат се огласи на социјалните мрежи.

Имено, викендов таа постави слатка фотографија од неа и нејзиниот татко надополнета со искрена и навистина прекрасна реченица:

„Мојот татко е најдобрата и најгрижливата личност која ја познавам. Тој беше неверојатно добар татко за мене и за мојот помал брат и секој кој го познава добро, ќе го каже истото“, напиша таа заедно со фотографијата објавена на нејзиниот Инстаграм профил.

Актерката неодамна го обвини Деп за вербално и физичко насилство, по што побара и забрана за приближување сѐ до нивното следно судење на 17 – ти јуни.

Во изјава за судот таа посочи дека актерот го фрлил неговиот мобилен кон неа, по што и се појавила модрицата со која се појави на неодамнешното судење. Таа додаде и дека актерот ја влечел за коса, ја удрил неколкупати и ја зграпчил за лицето.

Полицијата не била во можност да ги потврди нејзините обвинувања, бидејќи кога биле повикани во нивниот дом кога тоа се случило, тие не нашле никаков доказ за насилство, ниту пак актерката сакала да поднесе пријава против нејзиниот сопруг.

Џони Деп со поранешната сопруга Ванеса Паради и двете деца

Светот на филмот и Интернетот е поделен во однос на обвинувањата на Хард. Голем дел од нив ќе кажат дека таа ги лажира обвинувањата и дека тоа воопшто не личи на нивниот омилен актер и еден од најобожуваните мажи во светот, но многумина пак ќе кажат дека актерката е во право и дека и досега се случило Џони да го изгуби трпението.

Какво е вашето размислување на оваа тема? 

Објавено:
30 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.623 пати