Бијонсе
Познатите холивудски ѕвезди константно не оставаат без здив кога ќе се појават на црвениот килим, но во секојдневниот живот комбинираат модни парчиња со цел да привлечат што поголемо внимание кај папарацо фотографите.
Кара Делевињ
Модниот он-лајн магазин Who What Wear, направи листа на 50 најдобро облечени шик дами. Очекувано на врвот се најдоа познатиот модел Алекса Чанг, овогодишната оскаровка Џенифер Лоренс и актерката Кејт Босфорт. На големо изненадување на сите е што и Менди Мур се најде помеѓу првите на листата.
Гвен Стефани
Според експертите заслужено место на листата имаат сестрите Ноулс, Бијонсе и Соланж, а зад нив се и Дакота и Ели Фенинг, како и секогаш стилски облечена шармантната актерка која ужива во улогата на мајка Џесика Алба.
Менди Мур
Не изненадии фактот што своето место за најдобро облечени го потврдија ветеранките во овој бизнис како Дајан Кругер, Рејчел Зое и Гвен Стефани.