Лив Тајлер практикува ноншалантен имиџ што ја затскрива бременоста

3 октомври 2014

Додека останатите познати ѕвезди во фазата на бременост чувствуваат потреба и предизвик да си „поиграат“ со својот стилски имиџ, актерката и ќерка на пејачот Стивен Тајлер, Лив, по се изгледа не многу и годи втората бременост, за која после низа шпекулации на медиумите се потврди како точна. Токму за папараците, новите состојби од животот на славните нормално е да бидат приоритетни и бомбастични, па' оттука тие постојано ја демнат акерката поради блажената состојба.

Но, токму од тие папарацо фотографии и оние каде таа се појави на неколку настани, може да се забележи дека Лив значително го промени имиџот, носејќи парчиња што го прикриваат веќе заоблениот стомак. На ревијата на брендот Миу Миу таа се појави со широк син фустан врз кој беше покриена со широк црн капт.

Слични комбинации носи и од секојдневните стајлинзи за кои очигледно преферира да го покрива стомакот со марами или широки џемпери.

 

Дали  и во подоцнежната фаза од бременоста ќе се прикрива и ужива во комфорот останува да видиме. Инаку, таа веќе има деветгодишен син од првиот брак, додека со Дејв Гарднед по едногодишна врска забремени по вторпат.

 

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Сцена