Лорен Скот и Banana Republic најавија соработка за колекција за новогодишните празници

11 јули 2013

Дизајнерката Лорен Скот и брендот Banana Republic ги здружија силите и енергиите и најавија заеднички проект кој треба да ја претстави нивната најнова новогодишно ѕвездена колекција.

 

 

„Дизајните на Banana Republic беа дел од мојот младешки стил. Тоа беше голема продавница каде секој што ќе дојде ќе си купи некое шик парче“, вели дизајнерката Лорен Скот. Забавно и е кога ќе се потсети на кафето испиено во претседателскиот апартман на Плаза хотелот или одењето на шопинг во Јута како тинејџерка, каде што и е впрочем израсната. Многу работи оттогаш па наваму се променија  како за Лорен така и за Банана особено во последниве две децении. Таа ги допре ѕвездите на Холивуд, од обична стилистка до светски позната дизајнерка со свое ателје во градот на светлината, Париз. Во меѓувреме, Banana Republic прерасна од бренд чиј тематски идеи беа врзани за сафари стиловите, со невообичаен ентериер во продавниците кој содржи  војнички џипови и дрвени гајби полни со маички, во глобален урбан бренд што нуди облека која е достапна за секого и секаде. Во очи на новогодишните празници кои ќе пристигнат и побрзо отколку што очекуваме овие два бренда решија да ги здружат своите сили, идеи, моќ и креативност, па со својата нова колекција ќе атакуваат низ продавниците и онлајн шоповите од 5 декември оваа година.

 

 

„Бевме во потрага по нешто што е убаво, женствено, истовремено и забавно“, изјави креативниот директор на Banana Republic и извршен потпретседател на дизајн Симон Книн. Очекувањата се големи, па затоа направивме мини селекција на облеката и модните додатоци, а колекцијата вклучува како што тој нагалено го кажува„ Лоренизми“. Со тоа мисли на моделите чии дизајни се припиени на женското тело, имаат форма на песочен часовник, широките блејзери, во комбинација со панталони, слатки свилени пижами и модни додатоци кои се мултифункционални, а сите заедно се зачинети со многу колоритна игра на принтови и нијанси.

Објавено:
11 јули 2013
Категорија: 
Сцена