Луксузната вила на Бред и Анџелина на Мајорка
•
2 јуни 2016
Холивудскиот брачен пар Анџелина Џоли и Бред Пит поседуваат импозантни недвижнини ширум светот. Последна во низата такви е фантастичната, луксузна вила која се наоѓа на островот Мајорка.
Совршена за летен одмор со нивното големо семејство, оваа вила е проценета на 2,65 милиони долари, а е со површина од 900 метри квадратни.
Вилата има осум спални соби, огромен простор за дневен престој, огромна градина и секако базен и воодушевувачки поглед на Средоземното море.
Веќе знаеме каде семејството Џоли-Пит ќе го помине летниот одмор.