Луксузот на Меган наспроти скромноста на Кејт

16 јули 2019

Појавувањата на Меган и Кејт на Вимблдон беа одлична можност за светските медиуми и јавност да ги споредат.

Можеби едната да ви е поомилена од другата, но доколку гледаме која како се претставува во јавноста, скромноста ќе оди на страната на Кејт.

Имено, последна информација со нивните модни избори е дека фустанот што го носеше на финалето на Вимблдон од Емилија Викстед, кој чини 957 долари е веќе распродаден. Чевлите пак, кои се од брендот „Алдо“ и чинат 56 долари (околу 3.000 денари) се на добар пат исто така да бидат распродадени.

Од друга страна, додека траеше финалето на Вимблдон, Меган и Хари се појавија на лондонската премиера на „Кралот Лав“, а Војвотката од Сасекс носеше стајлинг кој севкупно чини 20.000 долари -  4.924 долари (Фустанот од Џејсон Ву)+ 950 долари (чевлите од Аквазура со вистински дијаманти)+2.390 (клач од Долче и Габана)+12,204 долари (дијамантските обетки).

На Меган често ѝ се забележува дека носи премногу скапа облека, што се коси со имиџот кој британското семејство, односно со скромноста која и Лејди Ди ја ставаше во прв план, а сега и Меган.

Кејт е исто така позната по тоа што некое модно парче го носи по неколку пати. Последен пример за тоа е полуфиналето на Вимблдон, каде носеше зелен Долче и Габана фустан, кој го носеше претходно во 2016 година, на турнејата со Вилијам во Канада. 

Сепак, не може да се рече дека Меган не носела парчиња со пристапна цена. На пример, плисираното здолниште од Хуго Бос што го носеше на полуфиналето на Вимблдон чини 436 долари. Досега и Меган носела некои модни парчиња два пати - шапки, црно палто од Стела Мекартни, фармерки и чевли, но не е практика на која ѝ придава значење како Кејт, велат британските медиуми. 

Така, дел од медиумите се појавија фотографии со нивните стајлинзи од истите настани, со цени. 

Погледнете:

 

 

 фото извор: news.com.au; dailymail.com; standard.co.uk; 

Објавено:
16 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
12.140 пати