Лупита хипнотизира во егзотичен едиторијал за Вог
•
19 јуни 2014
Изминатава година беше во знакот на Лупита Нјонго. Прогласена е за најубава жена на годината, го доби најпрестижното филмско признание Оскар, се издвои како модна икона со особено вилјание во модниот универзум и е максимално ангажирана, дури можеби повеќе во модната отколку во филмската индустрија. Во јулското издание на Вог, е разоткриена нејзината убавина во полн ефект во егзотичен амбиент каде што таа и најмногу припаѓа, за едиторијал кој го фотографираше Микаел Јансон, а стилизираше Филис Посник.