Магазинот GQ ги одбра најстилските мажи во Русија

28 февруари 2014

Руската верзија на најпознатиот магазин за мажи во светот GQ ги одбра 100 – те најстилски мажи во Русија на свечената и луксузна церемонија на која присуствуваше дел од џет – сетот.

Целосната листа на сите мажи – добитници на наградата за најстилски маж за изминатата година ќе биде објавена во мартовското издание на магазинот.

Еден од најстилските мажи од она што беше откриено на самиот настан е и познатио ТВ презентер Владимир Познер, кој на доделувањето на наградата изјави дека истата воопшто и не ја очекувал.

Меѓу најстилските мажи на долгата листа се најдоа некои од најпосакуваните руски мажи меѓу кои и популарниот актер Петер Фјодоров кој го зазема 14 – тото место, ТВ презентерот Иван Ургант, модниот дизајнер Андреј Бартенеј, фудбалерот Андреј Аршавин, но и рускиот премиер Дмитри Медведев и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и други.

На забавата, главниот и одговорен уредник на руското издание на магазинот Мајкл Идов изјави дека ако порано им било тешко да пронајдат барем 50 стилски мажи, со текот на времето тоа се променило, па сега таквите ги има во изобилство.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Сцена