Магичната провокативност на Џенифер Лопез на насловната на Elle

3 септември 2014

И покрај тоа што е една од најсексапилните жени и ужива голема слава и популарност, сепак, Џенифер Лопез нема среќа во љубовта. Но, дури и со три неуспешни брака зад себе, ѕвездата има оптимистички погледи кога станува збор за љубовта и вели дека таму надвор постои „Еден“ кој ќе ја опсипе со љубов и внимание какво што заслужува.

„Сè уште верувам во љубов. Вистинскиот маж, мојот маж е таму некаде и ме чека мене, а и јас него. Едноставно треба да се најдеме и работам на тоа, не се откажувам, мојата надеж е жива, а јас сум среќна и исполнета жена“, рече 45 годишната пејачка во ексклузивното интервју за магазинот Elle.

Лопез, која е мајка на две деца неодамна доживеа големо понижување од страна на сега веќе поранешното момче, 27 годишниот танчар Каспер Смарт, за кој вели дека ја изневерил со трансексуалец. И покрај тоа што танчарот ги негираше ваквите обвинувања сепак, пејачката реши да ја прекине две и пол годишната врска.

„Сите прават грешки во животот. Јас знам да бидам брзоплета и импулсивна. Понекогаш сами сме си виновни за последиците, но треба да знаеме машки да се носиме со нив, или барем да пробаме. Боли вистински и тешко е, но мора да ја пуштиме болката да си отиде. Сакам да правам големи чекори и продолжувам со крената глава напред“, раскажува актерката.

Во интервјуто Лопез зборува и за разводот со пејачот Марк Антони со кој беше во брак седум години и од него ги има близнаците Макс и Ема.

„Многу ми беше тешко да продолжам со животот како самохрана мајка. Навистина не е лесно. Јас сум традиционално воспитана, а за едно дете да биде правилно воспитано потребни му се двајца родители. Знам дека на децата им фали машко присуство во куќата, им фали нивниот татко. И покрај тоа што настојувавме да се одржиме како семејство сепак сфаќаш дека не е вистинската работа. Се' што правам го правам за моите две ангелчиња. Тие секогаш ќе ми бидат на прво место и се ќе направам за тие да бидат среќни и еден ден да станат реализирани личности“, завршува Лопез.

Пејачката, актерка, модната дизајнерка, автор и мајка на две деца, Џенифер Лопез покрај емотивното интервју специјално за октомвриското издание на британски Elle направи и мошне провокативен едиторијал на кој таа позира пред фотобојективот на легендарниот фотограф Тема Јесте. Магичниот париски замок Château de Voisins, послужи како локација од соништата, а тоалетите на Версаче во комбинација со модните додатоци на Laura Lee Jewellery и Lock & Co Hatters совршено се вклопија во крајните стајлинзи и аристократкиот амбиент.

 

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Сцена