Мајчинство во петата деценија – искуството на Камерон Дијаз: Пресреќни сме!

27 јули 2020

На 30 декември минатата година, холивудската ѕвезда Камерон Дијаз во 47-та година од нејзиниот живот стана мајка. Заедно со сопругот, музичарот Бенџи Маден, ја добија ќеркичката Редикс.

Па токму најмладиот член на нивното мало семејство и искуството со неа, беше главната тема на интервјуто со Џими Фелон, што се одвиваше онлајн, преку видео повик.

Во интервјуто, Дијаз зборува за нејзиното искуство како мајка во доцните 40-ти години, охрабрувајќи ги жените кои сакаат да оформат семејство во средните години од животот.

Искуството го опишува како неверојатно прекрасно, упатувајќи на тоа дека Редикс „од корен" го променила нивниот живот. Како што вели актерката, со неа, дури и карантинскиот период бил како рај.

„Задоволство е да се гледа нејзиниот развој и да бидете дел од тоа и да ѝ помогнете да стане своја. Фантастично е. Најдоброто нешто што ни се случило и на двајцата. Пресреќни сме", вели Дијаз во интервјуто за Џими Фелон кое може да го погледнете во видеото во продолжение.

 

 

Објавено:
27 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
873 пати