Мајката на Сталоне крева тегови на 92 години

20 август 2014

Најпознатата холивудска баба, Џеки Сталоне, мајката на познатиот актер Силвестер Сталоне, наполни 92 години. Бројката е импозантна, но она што дефинитивно ќе ве остави без зборови е желбата на оваа дама за  здрав и активен начин на живот.

Всушност, оваа слатка бабичка редовно посетува теретана и има свој личен тренер, кој и помага во одржувањето на фигурата. Кревањето тегови, правењето склекови и пилатесот  се само дел од многубројните вежби кои се секојдневна рутина на Џеки.

Познато е дека мајката на Сталоне има направено неколку хирушки интервенции, па многумина години наназад ја споредуваат со чудовиште. За да им укаже на сите дека таа навистина знае што прави и си се допаѓа таква каква што е во една прилика има изјавено дека не личи на чудовиште туку на куче булдог. Духовитоста и смислата за хумор се карактерни црти на Џеки и таа воопшто не им замерува на луѓето за грдите коментари. Можеби токму овие одлики се и главниот двигател за одржување на младешкиот и здрав дух на Џеки.

Дури и младите тинејџерки можат да и позавидат на оваа „спортска“ дама. Погледнете ги фотографиите за да се уверите дека годините на Џеки Сталоне ништо не и можат.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Сцена