Мајкл Бубле говори за болеста на неговиот син во Карпул Караоке

27 октомври 2018

Популарниот канадски пејач Мајкл Бубле е гостин во новото Карпул Караоке на Џејмс Корден, а покрај фантастичниот глас, уште еднаш докажа дека има огромно срце и дека е супер позитивен дури и во најтешките моменти од животот.

Имено, целата емисија беше посветена на сите оние кои се борат со ракот, а имаше и можност за донација за да се спасат животите на најмалите и да се соберат пари за нивно лекување.

На прашањето на водителот како се чувствувал кога била потврдена дијагнозата за неговиот тогаш тригодишен син Ноа, тој ќе рече:

„Не бев ок. Но, морав некако да соберам сила за да можам да го држам моето семејство заедно и да бидам позитивен. Тоа е нешто исклучително тешко. Докторите рекоа дека работата не е добра и решивме дека ќе одиме чекор по чекор. Ги имавме најдобрите доктори. Кога конечно тие ни кажаа дека ракот го нема, паднав на земја и жена ми мораше да ме собира. Денеска тој има пет години и му кажувам дека Спајдермен е супер, но дека тој не е реален. Му велам: Ти сине, си мојот супер херој“, вели пејачот во шоуто.

Во истото, тој пее некои од најголемите хитови како Haven't Met You Yet и It's A Beautiful Day. Во продолжение, погледнете го целото видео.

 Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
27 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
789 пати