Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс прославија 23 години од брак

20 ноември 2023

Еден од најпознатите холивудски парови Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс прославија 23 години брак.

Двојката која зедно има две деца, Дилан и Керис, ја започна својата врска во 1999-та.

Разликата од 25 години не ги спречи, заедно ја пребродија и тешката дијагноза на Мајкл, рак на грлото, а успеаја да ги надминат разликите во 2013 кога накратко беа разделени.

Свадбата која чинише 1,5 милиони долари се случи на 18 ноември во хотелот Плаза во Њујорк, а актерката беше облечена во рачно изработена венчаница на Кристијан Лакроа вредна 140.000 долари.

Пред да стапат во брак Мајкл го финализираше разводот од претходната жена Диандра Лукер.

На прашањето која е тајната за нивниот долгогодишен брак Кетрин одговара:

Никогаш не ја изгубивме смислата за хумор и меѓусебната почит. Како и сите парови имаме свои подеми и падови, но секогаш се фокусираме на она што е најважно - љубовта и почитта кон партнерот.

Фото:Vogue

Објавено:
20 ноември 2023
Категорија: 
Сцена