Малку поинакви деловни комбинации од инфлуенсерката Викторија Барбара

1 февруари 2023

Викторија Барбара е Инстаграм инфлуенсерка со повеќе од еден милион следбеници, кои верно ги следат нејзините уникатни модни објави.

Пред да стане популарна на социјалните мрежи, Викторија работела како бикини модел и красела бројни наслови страни меѓу кои е и магазинот L'Officiel. На нејзиниот Инстаграм профил можат да се најдат воодушевувачки комбинации, а редовно ја гледаме на street style објавите од модните метрополи.

Барбара по потекло е од Куба, а моментално живее во Мајами. Таа е една од Vogue 100 каде што членуваат само одбрани луѓе од светот на модата.

Од мноштвото уникатни аутфити, не заинтригираа оние кои можат да се искористат како деловна комбинација, за дамите кои сакаат да излезат од комфор зоната.

Помеѓу дизајнерите што Барбара го одбрала за овие стајлинзи се Макс Мара, Баленсиага, Изабел Марант, Прада и Александар Меквин.

Објавено:
1 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.451 пати