Марго Роби го слави 30-от роденден: Поглед на 30 ултра стилски изданија

2 јули 2020

Една од најпрогресивните актерки од новата генерација во Холивуд, Марго Роби, денеска го прославува 30-от роденден.

Ѕвездата на „Suicide Squad", „Once Upon a Time... in Hollywood", „Bombshell", „The Wolf of Wall Street"... гради сериозна актерска кариера, а колку што е забележително нејзиното присуство на филмското платно, таа исто толку е интригантна и на црвениот килим.

Секогаш со дозирана елеганција и женственост, Марго досега речиси и да нема модно промашување. Генерално, нејзиниот формален стил на сите нејзини јавни појавувања е сведен на впечатлив минимализам, а елегантните фустани или дводелните одела во црна или бела варијанта, се нејзиниот најчест избор.
Приватниот имиџ пак на младата актерска ѕвезда е отелотворување на урбан, енергичен и младешки изглед, што ја вбројува во листата на најдобро облечени јавни личности.

Фраерка во секој поглед!

По повод јубилејната 30-ка, правиме ретроспектива на 30 највпечатливи изданија.

Фото: Пинтерест

Објавено:
2 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
748 пати
Тагови: 
Марго Роби