Викендов познатиот дизајнер Марк Џејкобс го кажа судбоносното „да“ на неговиот долгогодишен партнер Чарли Дефранческо на забава на која присуствуваа огромен дел од неговите познати пријатели.

Церемонијата се одржа во познат ресторан на Менхетен, а на истата се служеле бургери и брза храна, бидејќи во таква слична атмосфера дизајнерот му го поставил и прашањето на неговиот партнер.

Сите гости биле пречекани со подароци од младенците, а дел од пречекот бил и интересен танцов перформанс од позната група.

Дизајнерот за неговата венчавка одбра свечен костим во темна боја украсен со бели детали, додека костимот на неговиот партнер беше изработен од темно зелено кадифе како еден од најголемите трендови кај мажите во моментов.

На нивната свадба во Њујорк присуствуваа некои од најголемите ѕвезди и нивни пријатели меѓу кои Емили Ратајковски, Кејт Мос со нејзината ќерка, Амбер Валета, Бела и Џиџи Хадид, Рита Ора, Хелена Кристенсен, Наоми Кембел и многу други.

Церемонијата била кринусана со огромна бела торта која младенците ја пресекле заедно, но и со здравици и луда забава до раните утрински часови.

Погледнете дел од атмосферата на забавата на дизајнерот и моделот кои се во врска речиси четири години.

Инфо: Daily Mail

Фото: Daily Mail, Harper's Bazaar, Instagram

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.516 пати