Меџик Џонсон летува во Дубровник

14 август 2020

Социјалните мрежи, а и медиумите во Хрватска се преплавени од фотографии од кошаркарската легенда Меџик Џонсон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DuList (@dulist.hr) onAug 13, 2020 at 5:18pm PDT

Тој и неговата сопруга Куки се снимени како со заштитни маски шетаат низ Стариот град во Дубровник.

Сепак, фотографот на агенцијата„Cropix“, успеал да добие фотографија и без маска, со широката насмевка на спортистот кој денеска го прославува 61. роденден.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CROPIX (@cropix_photo) onAug 14, 2020 at 12:21am PDT

Освен семејството, друштво на ова патување низ Хрватска му прават и  неколку пријатели. Со луксузната јахта „Aquila“ кошаркарот досега ги открил убавините и на околните острови Хвар и Вис, а  го посетил и Сплит. Инаку, јахтата во која престојува, а која е изнајмена е долга 85.6 метри и вредна околу 150 милиони долари.

И покрај едноставноста и без големи драми, (но сепак со обезбедување) Џонсон често е препознаван од тамошните граѓани и туристи, кои како пренесуваат хрватските медиуми, не се одбиени ниту за една фотографија или селфи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Just Dubrovnik (@just_dubrovnik) onAug 13, 2020 at 1:55pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ISSA-VIS-Kut (@issa_vis_kut) onAug 5, 2020 at 12:52am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Joško Garma (@josko_garma) onAug 4, 2020 at 11:37pm PDT

 

 

Објавено:
14 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
498 пати